Трајко Вељаноски

img

Трајко Вељаноски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Трајко Вељаноски е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 2 ноември 1962 година во Скопје.  Вељаноски има завршено Правни науки, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”.

Вељаноски е осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година.

Активности во Собранието:

  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, претседател
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член

Имотна состојба

45.041 евра
391.012 евра
817 евра
2.301 евра

Пратеникот Трајко Вељаноски има изјавувано дека поседува деловен простор вреден 17.941 евра во Скопје, две земјишта во Сливово вредни 2.301 евра како и две куќи во Сливово вредни 269.122 евра. Тој има и куќа со помошни простории во Штип вредна 9.756 евра, стан во Скопје вреден 94.193 евра и четири моторни возила, Јамаха РН29, Фолксваген Тигуан, Фолксваген Туарег и Сеат Ибица вредни 25.041 евра. Вељаноски добива закупнина за деловен простор од 107 евра месечно и закупнина од издавање на стан 710 евра месечно. Тој има и две девизни сметки односно заштеда, две денарски штедни книшки и три трансакциони сметки од кои едната е плата и за сите нема наведено вредност.

Вредноста на пријавениот имот на Трајко Вељаноски изнесува 439.171 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Трајко Вељаноски во Централниот регистар на Република Македонија е наведен како адвокат во АДВОКАТ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ Скопје кое во моментов не е активно.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 65
  • Број на отсуства: 46 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 44 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 5
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/10/15
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/3/63
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 2/0/34/56

Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 75.548 денари (со исклучок на месеците април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 75.872 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 530.132 денари или 8.620 евра
css.php