Фросина Ташевска Ременски

img

Фросина Ташевска Ременски

Пратеник

Биографија

Пратеничката Фросина Ташевска Ременски е родена на 22 февурари 1977 година во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност. Во 2009 година е избрана за член на советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ. Во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСМ.

Активности во Собранието:

  • Буџетски совет, претседател;
  • Законодавно-правна комисија, заменик-претседател;
  • Комисија за одбрана и безбедност, член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член;
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), претседавач.

 

Имотна состојба

3.703 евра
24.837 евра
26.228 евра

Фросина Ташевска Ременски пријавила дека поседува имот во Крива Паланка и тоа куќа вредна 24.837 евра и земјиште проценето на 9.339 евра. Таа има и два кредита од по 9.756 евра.
Нејзиниот сопруг има две моторни возила, БМВ вредно 2.980 евра и мотор Веспа од 813 евра. Со сопругот, Ременски поседуваат куќа за која не е наведена вредноста, и земјиште во Скопје вредно 16.889 евра.

Вредноста на пријавениот имотот на Фросина Ташевска Ременски изнесува 74.371 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 52 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 10 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 8
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/15/19
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/5/56
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 164/0/271/78

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: Првите два месеци од годината земала плата од 69.370, односно 71.650 денари. Во периодот март-јули земала плата од 75.285 денари. 
  • Во период од јануари до јули вкупно земала:  517.445 денари или 8.414 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018-та година: 152 евра.
css.php