Хазби Лика

img

Хазби Лика

Заменик на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем

Биографија

Хазби Лика е роден на 19 април 1972 година во Тетово. Основно училиште завршил во родното место. Средното образование го започнал во техничкото средно училиште во Тетово, а го завршил во Качаник. Со високо образование се стекнал на Универзитетот на Тирана (1998), на Факултетот за историја и филологија/Албански јазик и книжевност.

Во својата кариера како политичар бил пратеник (2002-2003 и 2014-2016), заменик-министер за Внатрешни работи (2003-2005) и Градоначалник на општина Тетово (2005-2009).

Во периодот од 2002-2005, е избран за претседател на огранокот за тетовскиот регион, а во периодот од 2005-2009 за претседател на огранокот за градот Тетово. Од создавањето на Демократската унија за интеграција, е член на Централниот одбор, а од периодот меѓу 2009-2015 ја врши функцијата на организационен секретар.

На 30.05.2017, е избран за Заменик на претседател на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковен договор и политички систем.

Имотна состојба

20.000 евра
464.000 евра
200.000 евра
324.799 евра
115.000 евра
Министерот Хазби Лика како личен имот ја пријавил месечната плата за која не е наведена вредноста.

Тој има и кредит од 54.000 евра и поседува автомобил „Форд Фиеста“ вреден 7.000 евра.

Сопругата на Лика добива месечна плата од 500 евра и поседува дуќан во Приштина чија вредност е 34.000 евра.

На нејзино име запишано е и градежно земјиште вредно 100.000 евра, за кое не е наведена локацијата.

Неговиот брат поседува земјоделско земјиште во Дебар, вредно 15.000 евра, два автомобила „Нисан Микра“ и „Нисан Триал“, и добива месечна плата од 300 евра.

Братот на Лика има и кредит од 270.000 евра. Тој исто така има дуќан во Дебар вреден 60.000 евра и ја поседува фирмата „Лика-компани“ вредна 200.000 евра.

Родителите на Хазби Лика поседуваат куќа, двор и деловен простор во Тетово, вредни 370.000 евра. Тие исто така се сопственици на автомобил „Сузуки Игнис“ во вредност од 4.000 евра.

Вредноста на имотниот лист на Хазби Лика изнесува 1.123.779 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Медиумите пишуваа дека министерот Лика неколку месеци не се појавува на работа заради лошите односи со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Во истражувањето на СКУП од ноември 2018-та година, ШЕСТТЕ НАЈБОГАТИ МИНИСТРИ ТЕЖАТ 35 МИЛИОНИ ЕВРА, трет на листата е Хазби Лика, заменик на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем. Вредноста на неговиот пријавен имот изнесува 1.123.800 евраЛика, како личен имот ја пријавил месечната плата за која не е наведена вредноста и кредитот од 54.000 евра кој треба да се плаќа до 2028 година. Останатиот имот припаѓа на неговиот брат, родители и сопругата.

.

css.php