Хари Локвенец

img

Хари Локвенец

Пратеник

Биографија

Пратеникот Хари Локвенец е роден на 25 февруари 1970 година во Прилеп. По професија е доктор на технички науки, а студиите ги завршил на Електротехнички факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за одбрана и безбедност, претседател;
  • Комисија за економски прашања, член;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член;
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член.

Имотна состојба

1.301 евра
14.016 евра
64.858 евра

Хари Локвенец има изјавувано дека поседува куќа за одмор со двор во Прилеп вредна 13.821 евра и два автомобила Пежо 106 вредно 488 евра и Опел Кадет вреден 813 евра.
Тој пријавил дека располага со удели од 27.333 евра и 5.293 евра, како и дивиденда од 20.850 евра. Неговата сопруга има депозит од 9.756 евра, акции од 1.626 евра и располага со куќа за одмор со двор во Прилеп вредна 195 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Хари Локвенец изнесува 80.146 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Медиумска изложеност

Хари Локвенец наиде на остри критики од јавноста по објавувањето на веста дека неговата печатницата ,,Гинис” доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации и развој. По реакциите, фирмата го повлече барањето.

„360 Степени“ провери – дали отсуството на антикорупциска комисија ги „опушти“ и функционерите и техничките служби во ДКСК.

Дента кога е снимен Хари Локвенец, на работа се појавил со нов „пасат“, а во анкетниот лист му пишува дека има стар „опел кадет“ и „пежо 106“. Телефонски за 360 степени изјавил дека „пасатот“ не е негов. Го позајмил привремено од печатницата во која има сопственички удел, бидејќи неговите возила биле на поправка.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 109 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 21 закони и 25 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 12 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 60
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/41/57
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 5/10/33
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 199/0/371/218

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.660 денари (со исклучок на месец март 73.211 денари, периодот април-јуни земал плата од 73.597, а во јули 73.922 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 507.244 денари или 8.248 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 840.955 денари или 13.674 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018-та година: 37.358 денари или 607 евра.
css.php