Чедомир Саздовски

img

Чедомир Саздовски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Чедомир Саздовски е роден на 27 декември 1952 година во с.Неокази, Пробиштип. Завршил факултет за физичка култура во Белград во 1978 година. Специјализирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2000 година. На истиот факултет магистрирал и докторирал. Од 1986 година е вработен на Факултетот за физичка култура – Скопје во Центарот за физичко образование и бил директор на Центарот за физичко образование и спорт. Бил член на СДСМ, но на локалните избори во 2013 година му се приклучил на Стевчо Јакимовски. Поранешниот близок соработник на првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски, по нередите во Собранието на 27 април, кога се случило насилството врз пратениците го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе работи како независен пратеник. Саздовски во март 2018 година повторно се вратил во СДСМ и постанал член на Централниот одбор на таа партија.

Активности во Собранието:

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-претседател;
  • Комисија за одбрана и безбедност, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, член;
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член.

Имотна состојба

9.756 евра
292.683 евра
24.390 евра
3.252 евра

Чедомир Саздовски има изјавувано дека поседува куќа во Скопје вредна 292.683 евра и автомобил Киа Карнивал вреден 9.756 евра. За останатите три ставки во имотната листа, Саздовски не навел во чија сопственост се. Евидентирани се земјоделско земјиште во Пробиштип проценето на 3.252 евра и два кредита од 9.756 евра, односно 14.634 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Чедомир Саздовски изнесува 330.081 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 8 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/23/32
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/3/18
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 158/0/263/75

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 73.966 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земал плата од 74.272 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 518.374 денари или 8.429 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018-та година: 58 евра.
css.php