Ѓулумсер Касапи

img

Ѓулумсер Касапи

Пратеник

Биографија

Пратеничката Ѓулумсер Касапи е родена на 2 мај 1952 година во Тетово и е доктор по педагошки науки.

Активности во Собранието:

  • Комисија за образование, наука и спорт, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член;
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член;
  • Клуб на пратенички – координаторка.

Имотна состојба

12.020 евра
252.411 евра
1.200 евра

Ѓулумсер Касапи има изјавувано дека поседува автомобил Мерцедес Е 320 вреден 12.020 евра и два стана во Скопје вредни 112.883 односно 139.528 евра. Таа има и девизен депозит од 1.200 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Ѓулумсер Касапи изнесува 265.631 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Ѓулумсер Касапи во Централниот Регистар на Република Македонија е регистрирана како сопственик на Здружение за теорија и практика на образованието ОБРАЗОВНИ РЕФЛЕКСИИ – Скопје. Таа исто така е сопственик на неактивното Здружение на граѓани за унапредување на улогата на жената во општеството ЕВРОПСКА ЖЕНА Скопје.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 27 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 4
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/21/35
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 1/2/8
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 202/0/267/82

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.889 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 496.223 денари или 8.069 евра.
css.php