Јагода Шахпаска

img

Јагода Шахпаска

Пратеник

Биографија

Пратеничката Јагода Шахпаска е родена на 18 март 1964 година во село Тепавци, Битола. Има завршено студии на Медицински факултет – Скопје и е специјалист по интерна медицина.

Активности во Собранието:

  • Комисија за здравство, заменик-претседател;
  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, член;
  • Комисија за надворешна политика, член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојуз на Република Германија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член;
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач.

Имотна состојба

15.902 евра
94.229 евра
26.913 евра

Јагода Шахпаска пријавила дека поседува земјиште под објект, помошки објекти, помошни простории, два стана, двор и гаража, меѓутоа за истите ја нема наведено вредноста во имотниот лист. Таа има и автомобил Фолксваген Голф вреден 15.902 евра.
Нејзиниот сопруг поседува куќа во Берово вредна 4.797 евра, како и гаража која вреди 2.764 евра и стан во Скопје кој е проценет 56.668 евра. Тој има и кредит во висина од 26.913 евра. За двете земјоделски земјиште во Скопје и Берово кој ги поседува сопругот на Шахпаска не е наведена вредноста.

Вредноста на пријавениот имот на Шахпаска изнесува 137.044 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 52
  • Број на отсуства: 3 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 12 закони и 4 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 14 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 17
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/28/33
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/11/11
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 164/0/262/85

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.967 денари (со исклучок на останатите месеци кога земала плата од 70.274 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 491.304 денари или 7.989 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 378.642 денари или 6.157 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 639 евра.
css.php