Јован Митрески

img

Јован Митрески

Пратеник

Биографија

Пратеникот Јован Митрески е роден на 20 ноември 1980 година во Струга. По професија е дипломиран економист, а студиите ги завршил на Економскиот факултет Прилеп, „Св.Климент Охридски“ во Битола.

Активности во Собранието:

  • Буџетски совет, член;
  • Комисија за финансирање и буџет, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член;
  • Комисија за економски прашања, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член.

Имотна состојба

4.878 евра
82.927 евра
28.588 евра
32.845 евра

Јован Митрески има изјавувано дека поседува удели во вредност од 5.174 евра и кредит од 6.829 евра. Неговата сопруга има кредит од 9.756 евра и денарски депозит од 6.829 евра. Таа поседува и два автомобила Лада Нива вредна 1.951 евра и Форд Мондео вредно 2.927 евра.
Родителите на Митрески поседуваат имот во Струга и тоа: лозје вредно 16.260 евра, куќа вредна 73.171 евра, куќа за одмор вредна 9.756 евра, земјиште од 8.455 евра и едно градежно земјиште од 8.130 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Јован Митрески изнесува 149.239 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Документи

Пријавен имот на Државната комисија за спречување на корупција. 

Пратеникот Јован Митрески во Централниот Регистар на Република Македонија е регистриран како основач и сопственик на Друштво за производство трговија и услуги АНА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Струга. Тој има уште еден субјект каде што е сопственик, меѓутоа во моментов Здружение на сметководители на Општина Струга КАУНТ ГРУП Струга е неактивно.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 53 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 88 закони и 2 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 4
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/13/18
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/11/31
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 171/0/272/90

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.659 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 459.613 денари или 7.473 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 490.991 денари или 7.984 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 417 евра.
css.php