Јохан Тарчуловски

img

Јохан Тарчуловски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Јохан Тарчуловски е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 17 ноември 1974 година во Скопје. Тарчуловски е дипломиран инженер-агроном, УГД „Гоце Делчев“ – Штип.

Јохан Тарчуловски е македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година, обвинет и осуден од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето на 12 август 2001 година во село Љуботен (член 7/1 од Статутот на Трибуналот, за кривични дела наведени во член 3 – наредување, планирање, поттикнување, помагање или поддржување убиство, смислено уништување градови и села и сурово постапување).

Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска со која имаат две деца.

Активности во Собранието:

  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член

Имотна состојба

25.659 евра
122.000 евра
414.723 евра
1.800 евра
7.317 евра
19.512 евра
2.927 евра

Пратеникот Јохан Тарчуловски има изјавувано дека поседува накит вреден  19.512 евра, оружје вредно 9.227 евра,  уметнички слики вредни 7.317 евра, хартии од вредност со сопственички удел од 406.504 евра односно 100%, Гаража од 7.000 евра во Скопје, кредит од 4.878 евра и атомобил Фолксваген Шаран од 16.260 евра. Сопругата на Тарчуловски поседува земјиште вредно 1.800 евра во Пробиштип. стан со тераса вреден 115.000 евра во Скопје, две моторни возила, Пежо 308 од 8.130 евра и Smart Pulse од 1.268 евра. Нивните деца имаат  три денарски штедни книшки, сите во износ од 2.531 евра. Заедно со сопругата имаат кредит од 50.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Јохан Тарчуловски изнесува 593.941 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра  од декември 2018-та година СКУП открива дека накитот Јохан Тарчуловски е вреден 19.512 евра а неговите  уметнички слики се вредни 7.317 евра. Тарчуловски поседува и оружје вредно 2.926 евра кое е стекнато на „друг начин“ и е наведено под името „моторни возила“.

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 40 
  • Број на отсуства: 50 оправдани и 21 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 81 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/1/6
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/1/20
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 2/0/26/38

Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 64.738 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 453.166 денари или 7.369 евра
css.php