Јулиана Николова

img

Јулиана Николова

Пратеник

Биографија

Пратеничката Јулиана Николова е член на партијата ЛДП. Таа е родена на 14 јули 1975 година во Велес. Николова е дипломиран професор по информатика, Природно-математички факултет – Информатика.

Активности во Собранието:

  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата,заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач

Имотна состојба

9.268 евра
74.797 евра
8.500 евра

Пратеничката Јулиана Николова има пријавено виолина вредна  од 1.951 евра. За нејзините родители пријавила дека поседуваат стан во Скопје од 74.797 евра и две моторни возила Хонда Акорд од 8.130 евра и Опел Корса од 1.138 евра. Тие имаат и 3 девизни сметки со вкупен износ од 6.500 евра и девизна штедна книшка од 2.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот од страна на Јулиана Николова изнесува 94.516 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Истражувања

Во истражувањето Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра  од декември 2018-та година СКУП открива дека пратеничката Јулиана Николова поседува виолина вредна  1.951 евра. 

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Јулиана Николова во Централниот регистар на Република Македонија е регистрирана како сопственик на Здружение за едукација, претприемаштво, енергетска ефикасност и екологија ЗЕЛЕН РАЗВОЕН ПАТ Скопје и  претседател со неограничени овластувања во Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ИНФОРМАЦИСКО ОПШТЕСТВО Скопје. Двете здруженија во моментов се неактивни.

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 53
  • Број на отсуства: 2 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 17 закони и 19 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 3 дискусии на пленарна седница, 3 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 23
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/22/28
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/12/14
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 172/0/261/80

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.969 денари (со исклучок на месецот јули кога месечната плата изнесувала 66.276 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 462.090 денари или 7.514 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 483 евра
css.php