Јусуф Хасани

img

Јусуф Хасани

Пратеник

Биографија

Пратеникот Јусуф Хасани е член на Демократска партија на Турците на Македонија. Тој е роден на 19 јануари 1973 во Гостивар. Хасани е Доктор, Медицински факултет, Универзитет „Докуз Ејлул“, Измир.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
  • Комисија за здравство, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член

Имотна состојба

3.577 евра
9.756 евра

Пратеникот Јусуф Хасани има пријавено моторно возило Форд Фокус вредно 1.626 евра. Неговите родители имаат две земјоделски земјишта во с.Врапчиште вредни 9.756 евра, куќа со двор во с.Врапчиште вредна 146.341 евра и трактор Урсус вреден 1.951 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Јусуф Хасани изнесува 159.675 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 48
  • Број на отсуства: 7 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 3/25/37
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/6/27
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 174/0/212/50

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.352 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 457.464 денари или 7.438
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 195.901 денари или 3.185 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 206 евра

 

css.php