Љубен Арнаудов

img

Љубен Арнаудов

Пратеник

Биографија

Пратеникот Љубен Арнаудов е роден на 17 ноември 1957 година во Скопје. Тој по професија е доктор специјалист (гинеколог/акушер), а високо образование завршил на Медицинскиот факултет во Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за култура, член;
  • Комисија за здравство, член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член;
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член.

Имотна состојба

4.488 евра
791.724 евра
6.829 евра
210.732 евра

Љубен Арнаудов поседува куќа во Охрид вредна 601.626 евра и земјоделско земјиште во Струга вредно 210.732 евра. Арнаудов поседува и автомобил Рено Меган вреден 4.488 евра, а на кредитна картичка располага со 4.878 евра.

Сопругата на Арнаудов поседува имот во Охрид, и тоа: куќа вредна 110.358 евра, двор вреден 10.634 евра, стан вреден 69.106 евра и уште еден двор за кој не е наведена вредноста. Таа има и кредит од 976 евра кој треба да го исплати до 2020 година, и исто толкава сума на кредитната картичка.

Вредноста на пријавениот имот од страна на Љубен Арнаудов изнесува 1.013.772 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Промена забележана на 19.2.2019 година:

Отстрането е земјоделското земјиште во вредност од 210.732 евра.

Активности

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 2
  • Број на отсуства: 79 оправдани и 12 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 1 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 7
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/1/28
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/0/18
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/6/16

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 72.735 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 509.145 денари или 8.279 евра.
css.php