Љупчо Димовски

img

Љупчо Димовски

Пратеник

Биографија

Пратеникот Љупчо Димовски е роден на 9 април 1959 година во Велес. По професија е дипломиран економист, а високо образование завршил на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во периодот од 2009 до 2014 бил министер за земјоделство.

Активности во Собранието:

  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, претседател;
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член;
  • Комисија за економски прашања, член;
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член;
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член.

Имотна состојба

На Државната изборна комисија за спречување на корупција, за пратеникот Љупчо Димовски достапни се две имотни листи.

Според едната имотна листа, Љупчо Димовски поседува два автомобила и тоа Форд Фиеста од 9.600 евра и Фолксваген Туарег 2.0 ТДИ од 29.268 евра. Тој поседува уметнички слики и колекционерски предмети вредни 19.512 евра. 
Неговите родители родители поседуваат стан во Скопје 112.195 евра.

Втората имотна листа е идентична на првата, со исклучок на автомобилот Форд Фокус вреден 13.544 евра.

Вредноста на имотот пријавен од страна на Љупчо Димовски изнесува 184.119 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

 

Медиумска изложеност

Во истражувањето на СКУП од декември 2018-та година, „Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра“, се открива дека Љупчо Димовски поседува уметнички слики вредни 19.512 евра.

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016-та година СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција:

Имотна листа број 1 

Имотна листа број 2 

Активности

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 55 
  • Број на отсуства: 52 оправдани и 4 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 0 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/12/57
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/3/59
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 8/0/24/33

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 74.248 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земал плата од 74.573 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 520.386 денари или 8.462 евра.
css.php