Љупчо Николовски

img

Љупчо Николовски

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Биографија

Љупчо Николовски е роден на 20 август 1983 во Крива Паланка. Тој зборува македонски, англиски и италијански јазик. Дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник. Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Тој се стекнал со диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на европа. Има сертификат за овластен застапник за заштита на правата од индрустриска сопственост пред ДЗИС 2012.Има положено правосуден испит.

Од 2007 до 2008 е адвокатски приправник и правен советник во Адвокатска канцеларија „Марковска и Андревски“ а од 2009 до 2011 работи како адвокат.

Во 2013 работи како шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во февруари 2014 е именуван за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во неговата кариера бил и секретар во Институт на директори во Македонија. Членува во неколку асоцијации: Здружението на правници на РМ, Македонско здружение на млади правници и во Адвокатската комора на РМ.

Имотна состојба

3.137 евра
91.922 евра
9.919 евра
4.018 евра
Министерот Љупчо Николовски пријавил дека има автомобил „Ренаулт Клио“ вреден 211 евра и кредит во износ од 9.919 евра.

Неговиот брат има автомобил „Фиат Стило 2003/2012“ вреден 2.927 евра.

Родителите на министерот поседуваат куќа вредна 89. 665 евра, пасиште вредно 278 евра, двор од 2.257 евра и земјоделско земјиште вредно 3.740 евра, сите во Крива Паланка.

Вредноста на имотниот лист на Љупчо Николовски изнесува 121.735 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 18.1.2019 година:
Покрај горенаведеното, на имотната состојба на министерот Љупчо Николовски е додаден стан со помошни простории без наведена вредност во Крива Паланка.

Истражувања

Во истражувањето на СКУП од ноември 2018-та година, ШЕСТТЕ НАЈБОГАТИ МИНИСТРИ ТЕЖАТ 35 МИЛИОНИ ЕВРА, се открива дека имотот на родителите на министерот Николовски изнесува 95.939 евра.

Документи

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Министерот Љупчо Николовски, покрај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Централниот регистар на Република Македонија е наведен како адвокат во АДВОКАТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ Крива Паланка кое во моментов е во мирување.

Активности

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари

Министерот Горан Сугарески, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 408.482 денари, и тоа:
– Авионски карти: 101.130 денари
– Дневници при патување во странство: 34.305 денари
– Закуп на стан(за лица кои живеат надвор од Скопје): 123.910 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 22.249 денари
– Угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти: 3.800 денари
– Угостителски услуги во странство: 2.967 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 5.055 денари
– Хотелско сместување во странство: 115.066 денари

 

css.php