Џеват Адеми

img

Џеват Адеми

Пратеник

Биографија

Пратеникот Џеват Адеми е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 8 декември 1962 во с.Голема Речица, Тетово.  Адеми е дипломиран новинар.

Во текот на конфликтот во Македонија бил припадник на ОНА, преседател на здружението на политички затвореници со седиште во Тетово и генерален секретар на Националната демократска партија (НДП).

Потоа се вклучил во тогаш новоформираната партија ДУИ, и станал заменик министер за локална самоуправа во Владата на РМ во 2004 година.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за локална самоуправа, претседател
  • Комисија за уставни прашања, заменик-претседател
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член

Имотна состојба

27.662 евра
113.821 евра
48.878 евра
3.252 евра
16.260 евра

Пратеникот Џеват Адеми има пријавено куќа, двор и земјоделско земјиште во Голема Речица, Тетово вредни 117.073 евра, моторно возио БМВ Х5 од 11.000 евра, заем од 4.878 евра и кредит од 44.000 евра. Неговата сопруга има златен накит вреден 16.260 евра. Нивните деца имаат моторно возило Фолксваген Голф 7 вреден 16.662 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Џеват Адеми изнесува 209.873 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена на имотна состојба забележана на 19.2.2019 година:
Моторно возило од имот на деца, Фолксваген Голф 7 вреден 16.662 евра е отстрането од имотната листа. Како имот на деца е додаден Косопственик-содружник ТД ИЦ ЊУ Драјвер ДОО во вредност од 308.500 денари.

 

Истражувања

Во истражувањето од февруари 2016 година – СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра  се открива дека пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањa.

Активности

Собраниски активностиза 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 90 
  • Број на отсуства: 14 оправдани и 7 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 4 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 3
  • Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 8 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 5
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/12/122
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/11/51
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 205/0/333/158

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.994 денари (со исклучок на месецот јули кога месечната плата изнесувала 71.320 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 497.284 денари или 8.086 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 150.580 денари или 2.448 евра

 

css.php