Рената Дескоска

img

Рената Дескоска

Министер за правда

Биографија

Рената Десковска е родена на 3 мај 1972 година во Скопје. Таа е мажена за Тони Дескоски, кој е професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во Скопје. Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“ (Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia), со што станала доктор по правни науки.
По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година за доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. На парламентарните избори во 2014 година била носител на изборната листа на СДСМ во првата изборна единица при што била избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршувала функцијата потпретседател на Собранието на Република Македонија. Исто така, во септември 2015 година била избрана за шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Покрај тоа, била и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија од 26 март 2017 година, како и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија од 2 април 2017 година. Потоа, на парламентарните избори во 2016, Дескоска настапила како втор носител на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата победила со 10 освоени мандати од вкупно 20. На 1 јуни 2017 година, таа стапила на функцијата министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев, но на 4 јуни 2018 година таа била избрана за министерка за правда.

Имотна состојба

8.130 евра
1.139 евра
9.756 евра
 Вредноста за поголемиот дел од работите што Десковска ги пријавила на имотниот лист не е наведена.

Сопругот на Десковска поседува автомобил Ланос вреден 1.626 евра, а со министерката заедно имаат накит во вредност од 9.756 евра и моторно возило Мазда 6 2007/2007 вредно 6.504 евра. На име на нејзините деца препишана е штедна книшка со 1.139 евра.

Вредноста на имотниот лист на Рената Десковска изнесува и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција. 

Медиумска изложеност

 

 

css.php