ЕКСПОЗИЦИЈА

Никола Димитров

Заменик на Претседателот за европски прашања
СДСМ

Никола Димитров е министер за надворешни работи на Република Северна Македонија од 1 јуни 2017 година. Тој е роден во Скопје, во 1972 година.

Според официјалната биографија, како професионален дипломат од 1996 година, тој има богата дипломатска кариера. Беше Заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во 2000 година, како и вонреден и ополномоштен амбасадор во САД (2001-2006) и Кралство Холандија и постојан претставник при Организацијата за забрана на хемиско оружје (2009-2014).

Во периодот помеѓу 2003 до 2008 година, министерот Димитров беше Специјален пратеник во разговорите со Грција, за надминување на разликата околу името, под покровителство на Обединетите Нации. Тој беше и Ко-застапник на Република Македонија во случајот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година) (2008-2011).

Меѓу поважните професионални ангажмани се вбројуваат и позициите: Национален координатор за интеграција во НАТО (2006-2009), Специјален пратеник на Владата за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија (2007-2008) како и Советник за национална безбедност на Претседателот (2000-2001).

Други професионални ангажмани на министерот Димитров се: Истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда, Хаг, Холандија (2014-2017), Член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Холандија (од 2011), Член на Советодавниот одбор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии (од  2016), Член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, Европски фонд за Балканот и Центар за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац, Австрија и член на Управниот одбор, Фондација за интегрирано образование (од 2015), како и демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” по Меѓународно јавно право и Меѓународно право за правата на човекот (1996-2001).

Министерот Никола Димитров во 1998 година станува магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство. Во 1996 година дипломира на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Никола Димитров е добитник на наградата „26 јули” на Фондација „Франк Манинг“. Во 2012 година посетува професионална обука, Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард.

Во 2016 година, како министер за надворешни работи Никола Димитров пријавил дека има стан во Скопје вреден 89.431 евра, едно моторно возило „Мерцедес Б180 2011/2011“ вредно 13.008 евра, месечна кирија од околу 500 евра, две девизни книшки од 6.144 односно 10.888 евра.

Тој добива и надоместок од 1.789 евра за побарување по основ на извршена работа.

Како заеднички имот поседува стан во Хаг, Холандија вреден 315.973 евра, две девизни штедни книшки од 13.984 односно 56.675 евра и кредит од 280.865 евра.

Како имот на неговите деца е пријавен еден стан во Скопје вреден 40.650 евра.

Вредноста на имотниот лист на Никола Димитров изнесува 829.908 евра и истата е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

На прашањето дали е ова неговата имотна состојба и дали има промени во истата, во 2019 година Димитров за ПЕП одговори:

„Во делот недвижен имот, движен имот, хартии од вредност и удели, други приходи, долгови –нема промени.
Во делот на побарувања – наведеното побарување е реализирано. Во делот на банкарски депозити, состојбата е следна:
Девизна сметка Комерцијална банка 669.582 денари – 671.367 денари
Девизна штедна Комерцијална банка 377.851 денари –  376.964 денари
Девизна сметка (заедничка)
АБН-АМРО 860.000 – денари 10.085 денари
Девизна штедна (заедничка)
АБН-АМРО 3.485.485 денари – 3.155.308 денари

Денарска трансакциска -Комерцијална банка реактивирана 442.775 денари

Вкупната разлика на состојбата за сите банкарски сметки заедно од 31 мај 2017 со 18 декември
2018 година е намалување на билансот за 736.419 денари“.

Во 2020, при превземање на новата функција, Димитров пријавил имот во вредност од 768.595 евра, или помала за 61 илјада во споредба со предходната состојба.

Како заеднички имот има пријавено стан во Хаг, Холандија вреден 315.973 евра и кредит од 280.865 евра. Во најновиот имотен лист како заеднички имот ги нема две девизни штедни книшки од 13.984 односно 56.675 евра. 

Како личен имот Димитров пријавил дека поседува стан од 102 м2 во Скопје, моторно возило Мерцедес Б180 од 2011 година, и три банкарски депозити со околу 18.000 евра.

На име на децата пријавил стан во Скопје со површина од 56 м2, стекнат во 2006 година.

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари

Потрошени средства за службени патувања на Никола Димитров во периодот јануари – јули 2018 година.

Порталот „Макфакс“ пишуваше за колку пари на холандските даночни обврзници завршиле како плата за Никола Димитров, како вработен и близок човек на претседателот на Институтот, Аби Вилијамс, за кого холандските медиуми објавија дека имал невообичаено висока плата од 223.497 евра годишно.

Вкупен имот во € по години