ЕКСПОЗИЦИЈА

Горан Сугарески

Министер за транспорт и врски
СДСМ

Горан Сугарески е роден на 3 aвгуст 1973 година во Прилеп. Тој е дипломиран правник и магистер по политички науки на Универзитет „Св. Кирил и Методиj“, Правен факултет Јустинијан Први.

Од 2008 до 2016 Сугарески е пратеник во Собрание на Република Македонија.

Од 2015 до 2016 е координатор на пратеничка група а од 2013 до 2015  е заменик координатор на пратеничка група.

Од 2003 до 2008 работи како државен службеник во локална самоуправа – комунален инспектор во Општина Прилеп а претходно од 2000 до 2003 работи како советник во советот на Општина Прилеп.

13.171 евра
90.732 евра
Имотот на министерот Горан Сугарески се води само на негово име. Тој пријавил дека има куќа во Прилеп вредна 48.780 евра, стан во Скопје вреден 41.951 евра, како и автомобил Сеат Кордоба вредно 13.171 евра.

Министерот ја нема наведено вредноста за три земјишта под објект и едно градежно земјиште во Прилеп.

Вредноста на имотниот лист на Горан Сугарески изнесува 103.902 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.792 денари.

Потрошени средства за службени патувања на Горан Сугарески во периодот јануари – декември 2018 година.

Податоци од одговорот по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер за фотокопии или скенирани податоци од изводи од службената картичка на министерот и неговиот заменик и фотокопии или скенирани податоци од документите по кои се книжени промените на сметка на репрезентација на министерството во период од јануари 2018-та до јули 2018-та.

Министерот Горан Сугарески, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 76.389 денари, и тоа:
– Авионски карти: 20.190 денари
– Дневници при патување во странство: 10.693 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 17.593 денари
– Угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти: 2.218 денари
– Угостителски услуги во странство: 2.818 денари
– Хотелско сместување во странство: 22.877 денари

Вкупен имот во € по години