ЕКСПОЗИЦИЈА

Антонијо Милошоски

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Антонијо Милошоски е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 29 јануари 1976 година во Тетово. Зборува англиски и германски јазик. Во 1999 година Милошоски дипломира на Правниот факултет во Скопје а во 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm” во Бон, Германија.

Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работел како научен соработник до 2006 год, кога прво бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Од 1999 – 2000 година Антонио Милошоски е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Од мај 2000 до септември 2001 година е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2006 година е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи.

Активности во Собранието:

  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за надворешна политика, претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, потпретседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
204,089 евра
162,524 евра

Антонио Милошоски како личен имот на својата имотна листа има наведено: месечна кирија во износ од 262 евра, приход од продажба на недвижен имот-стан во износ од 47.883 евра, приход од рента за стан во Ахен од 99 евра, плата и заштеда и приход од кирија за кои не е наведен износот и животно осигурување со годишна уплата и штедење во износ од 992 евра. На име на брачниот другар има наведено Сопственички удел во износ од 2.496 евра и плата и заштеда без наведен износ. Како заеднички имот е наведен стан со тераса, гаража и подрум вреден 154.496 евра, свадбен паричен подарок во износ од 10.000 евра и кредит од 204.089 евра.

Вредноста на имотот на Антонијо Милошоски изнесува 366.613 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена забележна на 25.3.2019 година:

На имотната листа додаден е месечниот надоместок за трето дете во износ од 8.500 денари односно 138 евра.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 45
  • Број на отсуства: 50 оправдани и 16 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 36 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 6
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 2 (контра) реплики и 3 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 6
  • Работни тела член/присуство/одржани: 10/10/79
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/1/38
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 2/0/10/23

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.670 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 494.690 денари или 8.044 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 120 евра

Во медиумите се пишуваше за една од објавените снимки на опозицијата, гласовите за кои СДСМ тврди дека се на Груевски и на поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, се слушаат различни предлози за името и за тоа дали тие ќе бидат прифатливи за македонската јавност.

Бомба 33: Послушајте патриоти – преговори за името – Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Зоран Јолевски.

 

 

Вкупен имот во € по години