ЕКСПОЗИЦИЈА

Ферид Мухиќ

Пратеник
Независни пратеници

Пратеникот Ферид Мухиќ е родена на 8 јуни 1943 година во Босна и Херцеговина. Мухиќ е професор по филозофија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде и ја започнал својата академска кариера како асистент на Институтот за социолошки истражувања во Скопје во 1970 година. На Катедрата за филозофија започнал како асистент во 1974, а вонреден професор бил од 1976 до 1980 година. Редовен професор е од 1980 година. Тој е почесен професор на Меѓународниот институт за исламска мисла и цивилизација од Куала Лумпур, Државниот универзитет на Флорида, Универзитетот Сиракуза во Њујорк, Сорбона 8 во Париз, Универзитетот на Југоисточна Европа и неколку универзитети во Југоисточна Европа.

Активности во Собранието:

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за култура, член;
  • Комисија за образование, наука и спорт, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член.

 

 

1.500 евра
3.000 евра

Ферид Мухиќ не ја навел вредноста на 3 од 5 ставки на имотната листа. Она што тој го поседува е стан во Скопје и автомобил Форд Фокус вреден 1.500 евра. Тој исто така има и удели во висина од 3.000 евра. Неговата сопруга и децата поседуваат по еден стан во Скопје чија вредност не е запишана во имотниот лист.

Вредноста на пријавениот имот на Ферид Мухиќ изнесува 4.500 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 101 
  • Број на отсуства: 1 оправдани и 9 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 16 закони и 34 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 3 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 14
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/54/89
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/2/10
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 234/0/382/186

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 74.582 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 522.074 денари или 8.489 евра.

Вкупен имот во € по години