ЕКСПОЗИЦИЈА

Далибор Богдановски

Пратеник
СДСМ

Пратеникот Далибор Богдановски е роден на 30 мај 1979 во Скопје. Дипломирал на студиите по бизнис администрација на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.

Активности во Собранието:

  • Комисија за економски прашања, член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член;
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член.
14.707 евра
111.842 евра
34.826 евра
219.274 евра

Далибор Богдановски пријавил дека поседува автомобил Голф 4 вреден 3.000 евра и Фолксваген Пасат вреден 9.756 евра. Тој има и денарски депозит од 11.175 евра и кредит во висина од 2.976 евра.
Неговите родители, според пријавеното, поседуваат 14 земјишта во Сопиште, вредни 419.274 евра, како и куќа вредна 49.171 евра. Покрај тоа, тие поседуваат и спрат од куќа проценет 49.171 евра и помошни простории вредни 13.500 евра. Родителите на Богдановски имаат и автомобил КИА преџио вреден 1.951 евра и удели од 4.890 евра, како и кредит во висина од 2.980 евра. Додека пак, сопругата на Богдановски има кредит од 7.805 евра.

Вредноста на пријавениот имот пд страна на Далибор Богдановски изнесува 580.648 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 110 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 17 закони и 57 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/22/25
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/17/18
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 207/0/418/230

    Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.969 денари
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 461.783 денари или 7.509 евра.

Вкупен имот во € по години