ЕКСПОЗИЦИЈА

Јагода Шахпаска

Пратеник
СДСМ

Пратеничката Јагода Шахпаска е родена на 18 март 1964 година во село Тепавци, Битола. Има завршено студии на Медицински факултет – Скопје и е специјалист по интерна медицина.

Активности во Собранието:

  • Комисија за здравство, заменик-претседател;
  • Комисија за европски прашања, член;
  • Комисија за труд и социјална политика, член;
  • Комисија за надворешна политика, член;
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојуз на Република Германија, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член;
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач.
15.902 евра
94.229 евра
26.913 евра

Јагода Шахпаска пријавила дека поседува земјиште под објект, помошки објекти, помошни простории, два стана, двор и гаража, меѓутоа за истите ја нема наведено вредноста во имотниот лист. Таа има и автомобил Фолксваген Голф вреден 15.902 евра.
Нејзиниот сопруг поседува куќа во Берово вредна 4.797 евра, како и гаража која вреди 2.764 евра и стан во Скопје кој е проценет 56.668 евра. Тој има и кредит во висина од 26.913 евра. За двете земјоделски земјиште во Скопје и Берово кој ги поседува сопругот на Шахпаска не е наведена вредноста.

Вредноста на пријавениот имот на Шахпаска изнесува 137.044 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 104
  • Број на отсуства: 7 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 18 закони и 4 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 5
  • Број на излагања на пленарна седница: 11 дискусии на пленарна седница, 36 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 41
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/48/59
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 5/18/20
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 197/0/406/224

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.967 денари (со исклучок на останатите месеци кога земала плата од 70.274 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земалa: 491.304 денари или 7.989 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 543.815 денари или 8.843 евра.
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 56.110 денари или 912 евра.

Вкупен имот во € по години