ЕКСПОЗИЦИЈА

Артан Груби

Прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
ДУИ

Артан Груби е роден во Скопје на 7 jуни 1977 година.

Според официјалната биографија, основното и средното образование го завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнува со звањето дипломиран новинар.

На истиот факултет ги заврши постдипломските студии од сферата на медиумите и комуникациите на тема „Улогата на новите медиуми во транзициони општества”.
Груби е докторант на Факултетот за социјални науки – политички науки  при Државниот универзитет во Тирана и е пред одбрана на трудот на тема „Улогата на медиумите во граѓанското учество во политичко – општествени промени.“

Професионалната кариера Груби ја започнува во 1999 година, при што гради богата кариера во невладиниот сектор и во работа со меѓународните организации во Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Холандија и Косово како Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, НАТО, Хашкиот трибунал и американски Агенции за помош со разни оперативни задачи.

Од мај 1999 до октомври 2000 година е менаџер на проект, одговорен за целокупното управување со програмата за храна и засолниште за бегалци. Во истиот период е и координатор на проект за програма за засолништа и рехабилитација во Куманово.

Во период од октомври 2000 до декември 2004 година работи во Хашкиот трибунал извршувајќи оперативни задачи со Канцеларијата на обвинителот во Косово, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Хаг, итн.

Од јануари 2005 година до март 2008 година ја извршува функцијата  политички асистент во Кабинетот за политички советници на НАТО.
Во периодот март 2008 година до март 2011 година е политички советник во амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Во периодот од април 2014 до декември 2016 година е избран за пратеник во Собранието, а членува во комисиите за надворешни прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и е потпретседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
Од април 2016 година до август 2020 година повторно е избран за пратеник во Собранието. Во текот на овој мандат е претседател на Комисијата за европски прашања и претседател на пратеничката група за соработка со САД, додека членува и во Комитетот за односи меѓу заедниците, Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за прашања на  изборите и именувањата и е потпретседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Од мај 2013 година е асистент на Факултетот по новинарство на Тетовскиот универзитет и предавач по предметите Теории на комуникации, медиумите и конфликтите, интерперсонална комуникација и односи со јавност.

Груби е основач и претседател од мај 2006 година до мај 2011 година на граѓанското движење „Разбуди се!“, влијателна невладина организација, која иницира воспоставување граѓанско општество во рамките на албанската заедница во Северна Македонија и има за цел да промовира поголема толеранција, еднаквост и граѓански активизам.

Од мај 2011 година во Демократска унија за интеграција извршува повеќе високи функции како шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ и негов политички советник, додека во 2019 година е избран за организациски секретар на партијата. Член  е на Генералниот совет и претседателството на партијата.

Груби е оженет и татко на 3 деца.

Како пратник на составот 2016-2020, Артан Груби има пријавено стан во Скопје вреден 100.000 евра, две моторни возила Цитроен Ксара од 1.000 евра и Ауди А6 од 11.000 евра. Тој има и девизен депозит од 700 евра и трансакциона сметка од 325 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Артан Груби изнесуваше 113.025 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Како министер има пријавено само личен имот, каде се уште фигурира станот и возилата со истата вредност. За разлика од претходната состојба, како министер Груби пријавил пет банкарски депозити со вкупна вредност од околу 14.000 евра како и надградба на објект во вредност од околу 16.000 евра.

Вкупната вредност на новиот имотен лист пријавен од Груби е околу 143.000 евра.  Во споредба со претходната состојба, Груби пријавил повеќе имот во вредност од околу 30.000 евра.

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Артан Груби во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како сопственик на Здружение на граѓани МЕДИУМСКИ ЦЕНТАР АЛБ ЊУЗ Скопје и претседател на Заедница за сопственици на станбена зграда на ул Струмичка бр.5 влез 2 Чаир Скопје кое во моментов не е активно.

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 97 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 14 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 11 закони и 9 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 9 дискусии на пленарна седница, 6 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 26
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/24/34
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 5/8/49
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 162/0/258/183Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.021 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 490.147 денари или 7.970 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 949 евра

 

Вкупен имот во € по години