ЕКСПОЗИЦИЈА

Магдалена Манаскова

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Магдалена Манаскова е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 22 јуни 1981 во Кочани. Манаскова дипломирала Историја на уметноста и археологија – Филозофски факултет, УКИМ, Скопје. Специјалист за заштита на културно наследство, Рицумејкан универзитет – Кјото.

Активности во Собранието:

  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-претседател
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за култура, член
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
68.922 евра
1.951 евра
1.057 евра
813 евра

За пратеничката Магдалена Манаскова на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Благородните метали, уметничките и колекционерски предмети, кредитот, станот и куќата се застапени во двете имотни листи. Со тоа што во едната имотна листа сите се во износ од 50.337 евра, додека во другата вкупниот износ е 72.743 евра.

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 70
  • Број на отсуства: 40 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 117 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 11
  • Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 13 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 12
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/11/32
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/6/20
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 14/0/24/34

Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.046 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 455.322 денари или 7.404 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 160.440 денари или 2.609 евра

 

Вкупен имот во € по години