ЕКСПОЗИЦИЈА

Благој Бочварски

Градоначалник
СДСМ

Благој Бочварски е роден на 09 јануари, 1985 година во Штип. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2011 година работел како дипломиран инженер архитект во градежната компанија „Пелагонија Инженеринг“- Штип, најпрво како стручен соработник, а потоа добил овластувања за проектирање и изведба од Комората на овластени инженери и архитекти на Република Македонија. На парламентарните избори во 2016 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. За градоначалник на Штип е избран во октомври, 2017 година.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

30.407 евра
107.590 евра
61.435 евра

Од личен имот, во анкетниот лист, Благој Бочварски изјавил дека поседува БМВ 525Д вредно 22 илјади евра, девизен депозид од 5.200 евра и девизна штедна книшка од 921 евра. Тој на свое име има и два кредити од 6.000 односно 10.000 евра. Останатиот имотнаведен во неговата листа припаѓа на неговите родители и истот се состои од дел од куќа, стан, моторни возила, дивиденди како и кредит.

Вредноста на имотниот лист на Благој Бочварски изнесува 199.431 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години