ЕКСПОЗИЦИЈА

Наташа Петровска

Градоначалник
СДСМ

Наташа Петровска е родена на 18 декември 1971 година во Битола. Средно училиште завршила во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, насока физичар – техничар. Во 1995 година се стекнала со звањето, дипломиран професор по математика и веќе од следната година се вработила како професор. Во 2012 година магистрирала Менаџмент на човечки ресурси, при Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на тема: „Наставни програми во функција на задоволување на потребите и можностите на учениците“. Во периодот од 2013 до 2017 година била член на Советот на општина Битола, а сега стана градоначалничка на општината.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

10.222 евра
59.260 евра
5.041 евра
59.941 евра

Наташа Петровска поседува имот вреден 134.464 евра. Таа го пријавила недвижниот имот на својот сопруг, меѓу кои двор, земјиште и куќа во Битола, но и стан во Скопје. На лично име таа поседува автомобил Фиат Линеа и има кредит од 5.040 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Наташа Петровска изнесува 134.464 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Градоначалничката на Битола во јавноста беше прозвана дека е една од градоначалниците кои склучиле Меморандум за соработка со невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, кој е вклучен во аферата „Рекет“, а за кој се води судска постапка.

Вкупен имот во € по години