ЕКСПОЗИЦИЈА

Јован Пејковски

Градоначалник
Независни кандидати

Јован Пејковски е роден 25 јануари, 1969 година во село Бразда, во Скопје. Средно образование завршил во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје. Во периодот од 2000 до 2009 година, во два мандата, бил член на Совет на Општина Чучер – Сандевo. Во 2009 година бил избран за градоначалник на општината, а довербата граѓаните му ја дале и на следните локални избори за периодот 2013-2017 година, како и по трет пат на последните локални избори во 2017 година.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

 

105.691 евра
227.642 евра

Јован Пејковски изјавил дека поседува товарни три товатни возила, две мерцедес и едно сканија, како и багер Хјундаи. Во неговиот имотен лист е наведен и имот на брачен другар, два плаца од 195.122 односно 32.520 евра.

Вредноста на имотниот лист на Јован Пејковски изнесува 333.333 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Градоначалникот на Чучер Сандево му се заканувал на советникот Драги Славковиќ, кој подоцна го пријавил настанот во полиција.

По изборите во 2013 година, кога Јован Пејковски го добил вториот градоначалнички мандат, медиумите пишуваа за инцидентот кога Пејковски претепал сограѓанин и го изгризал по лицето. За тоа добил условна казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши ако во рок од една година не го повтори делото. Освен за оваа, градоначалникот Пејковски беше обвинет и за уште неколку физички пресметки со сограѓани.

 

Вкупен имот во € по години