ЕКСПОЗИЦИЈА

Тони Делков

Градоначалник
СДСМ

Тони Делков е роден на 29 март, 1977 година во Неготино, каде живее и работи. На 20-годишна возраст започнал да работи во фабриката за кабли „Неготино“ и бил назначен за генерален менаџер на фабриката. Во 2014 година започнал сопствен бизнис со фирмата „Елко компани“. На локалните избори во 2017 година бил избран за градоначалник на Општина Неготино.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

6.829 евра
78.049 евра
48.780 евра
42.122 евра

Тони Делков поседува стан, моторно возило Рено Меган, девизни и денарски депозити како и ЕЛ-КО Компани груп ДООЕЛ, Неготино Неговата сопруга има денарски депозит од 11.000 евра. Денарски депозити има и на име на деца, вкупно три. На име на неговите родители пријавена е куќа во Неготино.

Вредноста на имотниот лист на Тони Делков изнесува 175.780 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

ДКСК отвори постапка против градоначалникот Тони Делков за изборно вработување, а подоцна доби и прекршочна пријава од Антикорпуциската комисија.

 

СКУП пишуваше за градоначалниците кои се газди и шефови на здруженија. Тони Делов се најде на листата сопственици во трговски друштва, како сопственик на: Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛ-КО КОМПАНИ ГРУП ДООЕЛ Неготино.

Вкупен имот во € по години