ЕКСПОЗИЦИЈА

Максим Димитриевски

Градоначалник
СДСМ

Максим Димитриевски е роден на 29 ноември, 1975 година, во Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2011 година го публикувал својот трудот “Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куманово“. Магистрирал на тема “Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија“. Има долгогодишно работно искуство како приватен стопанственик. Во 2008 година станал член на Советот на Општина Куманово, а подоцна, а во периодот 2012-2016 година и негов претседател. Од 2013 година е член на Комитетот на советите при ЗЕЛС. Политичката кариера ја продолжил како пратеник во Собранието на Република Македонија и бил претседател на Комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Куманово.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

7.317 евра
172.358 евра
60.602 евра
62.801 евра
4.878 евра

Максим Димитриевски поседува земјиште, два сопственички удели, моторно возило Опел Астра, златен накит и средства во готово во износ од 16 илјади евра. На име на неговата сопруга пријавил земјиште, моторно возило Мерцедес А, сопственички удел и златен накит. На име на деца има четири девизни штедни книшки и златен накит. Неговите родители поседуваат три земјишта во Куманово, куќа со двор и две моторни возила: Мерцедес А и Махиндра Џип како и денарски депозит од 28 илјади евра.

Вредноста на имотниот лист на Максим Димитриевски изнесува 307.955 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

СКУП пишуваше за градоначалници кои се газди и шефови на здруженија, Димитриевски се најде на листата како газда на трговското друштво „Друштво за производство, трговија и градежништво МБ-ИНЦ ДОО увоз-извоз Куманово“.

Вкупен имот во € по години