ЕКСПОЗИЦИЈА

Борјанчо Мицевски

Градоначалник
СДСМ

Борјанчо Мицевски е роден 14 август, 1971 година, во Крива Паланка. Основно и средно образование завршил во родниот град, а по отслужувањето на воениот рок во 1990/91 година се запишал на УКИМ и дипломирал во 1996 година на Природно математичкиот Факултет. Од 2001 до 2002 бил администратор на официјалната веб страна на Општина Кратово. Од 2002 до 2003 бил координатор на „Вавилон центар“ во Крива Паланка. Од 2003 до 2006 бил локален координатор на Центарот за поддршка на НВО Кратово, а од 2006-2009 бил локален координатор на проектот „Живеење во мултиетничка средина- граѓани со еднакви права, можности и заштита“ – Проект на Европска Комисија. Во Здружението на граѓани „Регионален центар за одржлив развој Кратово“, работел од 2006 до 2017 година, каде во периодот од 2006-2014 година, во два мандата бил и претседател на Здружението. Во 2017 година бил вршител на должност, директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Од 2009 до 2017 година бил член на Советот на општина Крива Паланка, а сега е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

2.927 евра
2.602 евра

Борјанчо Мицевски поседува две моторни возила  Мерцедес Ц200 и Лада Нива како и две денарски платежни картички. На име на неговите родители има пријавено двор, земјиште и куќа без наведена вредност.

Вредноста на имотниот лист на Борјанчо Мицевски изнесува 5.527 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во 2018 година беше објавено дека Борјанчо Мицевски, преку интерен оглас во Општина Крива Паланка си ја унапредил сопругата. Таа била вработена во Општинската администрација на работно место соработник, а е унапредена во работно место виш соработник, место кое согласно Законот за државни службеници носи поголема плата.

Вкупен имот во € по години