ЕКСПОЗИЦИЈА

Саша Богдановиќ

Градоначалник
СДСМ

Саша Богдановиќ е роден на 17 мај, 1985 година во Постојна, Република Словенија. Во 2004 година завршил средното медицинско училиште СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Дипломирал политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 2009 година се вработил во фабриката за изолациони материјали „КУМАЛ- СК”, каде што во 2010 година е поставен за директор на комерција и тука работел до мај 2013 година кога е именуван за вршител на должност, директор на ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар- Скопје.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

17.319 евра
154.472 евра
28.057 евра
73.171 евра

Имотната листа на Саша Богдановиќ се состои од личен имот, имот на брат и имот на родители. Превагнува имотот на неговите родители кој се состои од: деловен простор, земјиште, две куќи во Куманово и стан во Скопје. Тие имаат и моторно возило Фолксваген Голф. Неговиот бра тпоседува Цитроен Ц3 и кредит од 13.000 евра. На негово лично име е наведено само моторно возило Шкода Октација, и два кредити од 49 односно 15.000 евра.

Вредноста на имотниот лист на Саша Богдановиќ изнесува 273.019 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП објави листа на градоначалници кои се дел од сопствеништвата на спортски клубови. Саша Богдановиќ се најде на листата сопственици, како дел од клубот КК РАБОТНИЧКИ МЛАДИ Скопје.

Вкупен имот во € по години