ЕКСПОЗИЦИЈА

Филип Темелковски

Градоначалник
СДСМ

Филип Темелковски е роден на 19 јули, 1982 година. По професија е дипломиран економист со десетгодишно искуство во областа на хотелиерството и угостителството. Учествувал на бројни меѓународни конференции и обуки, и од 2009 година е член на Бирото на млади европски социјалисти. Активно зборува англиски јазик. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на Општина Кисела Вода.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

4.878 евра
138.211 евра
9.218 евра
9.756 евра
9.756 евра

Филип Темелковски поседува имот вреден 171.819 евра. Тој располага со стан и помошни простории во Скопје. Има автомобил Мерцедес с320. Финансииите што ги пријавил Темелковски се однесуваат на девизна сметка со 767 евра, две денарски сметки со 270 евра, кредит од 6.426 и кредитна картичка со 842 евра. Тој пријавил и уметнички слики чија вредност е проценета на 9.756 евра, како и накитот на својата сопруга од исто 9.756 евра. Сопругата на Темелковски располага со платежна картичка од 392 евра, како и денарска сметка со 520 евра.

Вредноста на имотниот лист на Филип Темелковски изнесува 171.819 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години