ЕКСПОЗИЦИЈА

Градоначалник

Исен Шабани е роден 02 јануари, 1987 година во село Градец. Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и потоа успешно ги управувал семејните бизниси. Во август, 2016 година бил именуван за директор на Државен пазарен инспекторат. За градоначалник на општина Врапчиште прв пат се кандидирал на локалните избори во април, 2013 година, но граѓаните довербата му ја дале на локалните избори во 2017 година.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

На лично име пријавил апартман во с.Градец вреден 100.000 евра, земјоделско земјиште исто така во с.Градец, вредно 406.320 евра, како и еден стан во изградба кој се наоѓа во Тетово и е проценет на 325.000 евра. Шабани пријавил и сопственчки удел од 382.876 евра. За двата автомобила Мерцедесот од 25.000 евра и Аудито А5 од 40.000 евра, Шабани не дал податок во чија сопственост се. Останатите ставки во имотниот лист се евидентирани како заеднички имот. Во нив спаѓаат една денарска штедна книшка со 500.000 денари, една девизна штедна книшка со 50.000 евра и една девизна штедна со 20.000 швајцарски франци. Од недвижен имот, пријавени се: зграда проценета на 62.400 евра, два стана во Гостивар од кои едниот е во изградба и е проценет на 1.200.000 евра, две овошни градини, две земјоделски земјишта, три земјишта под објект, двор и три градежни земјишта.

Вредноста на имотниот лист на Исен Шабани изнесува 3.300.171 евра. и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години