ЕКСПОЗИЦИЈА

Здравко Трајанов

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Трајанов (2020-2024) е член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 7.5.1974 во Радовиш. Доктор на шумарски науки, Шумарски факултет, УКИМ – Скопје.

Активности во Собранието:

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
Комисија за образование, наука и спорт, член
Комисија за економски прашања, заменик-член
Комисија за локална самоуправа, заменик-член

Трајанов е редовен професор на Шумарскиот факултет во Скопје. Доктор на шумарски науки, Шумарски факултет, Скопје, 2008 година.
Наслов на докторска дисертација: „Модели на оптимални решенија на шумскиот транспорт во зависност од видот на сечата при стопанисување со шумите“.
Магистер на биотехнички науки, Шумарски факултет, Скопје, 2003 година.
Наслов на магистерски труд: „Структурни елементи и продуктивност на вештачки подигнатите насади од црн бор на планината Плачковица“.

3.252 евра
149.626
21.286 евра

Пратеникот Трајанов според анкетниот лист до ДКСК, забележан на 12.11.2020 година, навел дека има заеднички имот (не навел со кого) два стана во Скопје вредни 129.139 евра, потоа како личен имот куќа со двор во Радовиш вредни 20.487 евра, потоа автомобил БМВ од 3.252 евра. Како личен и заеднички имот навел и депозити во банка вкупно 3.626 евра и покуќнина од 3,252 евра и еден кредит од 17.660 евра

Имотна состојба на Трајанов забележана на сајтот на ДКСК на 12.11.2020 година

Вкупен имот во € по години