ЕКСПОЗИЦИЈА

Бисера Костадиновска-Стојчевска

Пратеник
СДСМ

Пратеничка на СДСМ во новиот парламентарен состав. Родена е на 20.2.1986 во Битола. Инаку е докторка на науки за англиски јазик, Педагошки факултет, УКЛО – Битола.

Активности:

-заменик член во Комисија за европски прашања
-член на Комисија за образование, наука и спорт
-член на Комисија за труд и социјална политика
-заменик-член во Комисија за еднакви можности на жените и мажите

3.918 evra
9.300

Освен едно возило, депозит и кредити, Костадиновска-Стојчевска во функција на пратеник нема пријавено никаков недвижен имот. Целиот недвижен имот кој таа го пријавила се води на име на нејзините родители. Па така, во нејзиниот анкетен лист стојат две куќи во Битола, гаража и помошни простории, како и стан во Скопје од 34 квадратни метри, сето ова се води на име на нејзините родители. Од личен имот таа пријавила возило Сузуки SX 4 во вредност од 241 илјади денари, депозит од 3000 евра и кредит од 310.000 денари или околу 5000 евра. Има и кредитна картичка на износ од 78000 денари или околу 1.300 евра.

Имотна состојба забележана на сајтот на ДКСК на 17.11.2020 година.

Лист 1 

Лист 2

Вкупен имот во € по години