ЕКСПОЗИЦИЈА

Даниела Колева

Пратеник
СДСМ

Во биографијата напишала дека е членка на СДСМ. Родена е на 17.5.1980 во Кавадарци. Колева е магистер по менаџмент на човечки ресурси, Филозофски факултет – Скопје.

 

Активности во Собранието:

  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член

 

 

13.000 евра
195.000 евра

Колева како личен имот пријавила единствено куќа во Кавадарци од 200 квадратни метри, вредна 195.000 евра и возило „Хјундаи ix35“ вредно 13.000 евра. Нејзиниот сопруг има два стана. Едниот во Кавадарци е 169 квадратни метри во вредност од 3,5 милиони денари, додека другиот во Скопје е 88 квадратни метри и вреден 5,6 милиони денари. Колева на име на нејзиниот сопруг пријавила и деловен простор во Кавадарци, како и превозно средство „Kymco“. Нејзиниот сопруг има и автомобил „BMW 525D“ во вредност од 1 милион денари. Тој има приходи од годишна закупнина во износ од 4.222.000 денари или нешто над 68.000 евра годишно, како и денарски депозити во износ од 2.036.000 денари или нешто над 33.000 евра. Додека, Колева има денарски депозит од 1.250.000 денари или 20.325 евра.
Како „имот на деца“ наведен е денарски депозит во износ од 306.551 денари или околу 5000 евра.

Вкупен имот во € по години