ЕКСПОЗИЦИЈА

Мирсад Суроји

судија

Образование:
Дипломирал во 2004 година на Правен факултет – Државен Универзитет во Тетово, а правосудниот испит го положил во 2008 година.

Работно искуство:
Од 2005-2007 година работи како приправник во Основен суд Куманово.
Од 2007-2009 година работи во Општина Куманово – Сектор за даноци и такси – Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок како член на Комисијата.
Од 2009-2012 година работи како судски соработник во Основен суд Куманово.
Во декември 2012 година е избран за судија во Основен суд Куманово – кривичар.
Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.
Има учествувано на многу други регионални и меѓународни конференции, а исто така бил на студиски престој во Вашингтон ДС и Оклахома во САД организирана од Амбасадата на САД во РСМ.

На ден 18.12.2018 година е избран за член на Судски совет на РМ.

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.

4.800 евра
15.000 евра

Судијата Суроји има два анкетни листа на сајтот на ДКСК, еден како судија во Основниот суд во Куманово и еден како член на судскиот совет. Во првиот како сопствен имот навел сам еден автомобил БМВ вреден 9000 евра и кредит од 8.000 евра.

 

На вториот анкетен лист како член на советот, навел автомобил Волксваген Џета вреден 4.800 евра и кредит од 15.000 евра.

Вкупен имот во € по години