Мухамед Зеќири

img

Мухамед Зеќири

Пратеник

Биографија

Пратеникот Мухамед Зеќири е роден на 10 март 1979 година во Скопје. Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Зеќири во март 2006 година станал главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат останал до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде бил уредник на вестите до септември 2016. Тој по 18 години во новинарството ја напуштил професијата и се зачленил во СДСМ. Бил кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освоила осум мандати.

Активности во Собранието:

  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член;
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, претседател;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член.

Имотна состојба

38.001 евра
92.000 евра

Според податоците на Државната комисија за спречување на корупција, Мухамед Зеќири поседува три возила меѓу кои БМВ 730 Д чија вредност не е наведена, БМВ 730 Д вредно 11.000 евра и БМВ Х5 вредно 27.001 евра.

Освен возилата, тој поседува два стана во Скопје вредни 30.000 евра, односно 62.000 евра и куќа чија вредност не е наведена во имотниот лист.

Вредноста на пријавениот имот на Зеќири изнесува 130.001 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Мухамед Зеќири во изјава за СКУП во ноември 2018 година потврди дека тоа е неговата имотна состојба, додавајќи:

„Да, тоа е мојата имотна состојба со забелешка дека при последното ажурирање сега гледам, благодарение на Вас, дека ДКСК го додала автомобилот БМВ 730 2010 година, но, не ги избришала двата други автомобила БМВ Х5 2009 и БМВ 730 од 2004 година кои тоа време ги продадов. Има промени и од месецов и во законски предвидениот рок ќе ја известам ДКСК дека неделава го продадов и автомобилот БМВ 730 од 2010 година. Вредноста на куќата не можам да ја проценам јас и затоа не е напишана. Тој дел од куќата ми е наследство од покојниот татко и од истата поседувам 1/9.“ – вели пратеникот Зеќири.

 

Активности

Собраниски активности:

  • Број на присуства во Собрание: 54 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 32 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 2
  • Работни тела член/присуство/одржани: 2/6/7
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/2
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 134/0/260/91

(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.276 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 463.932 денари или 7.544 евра.
css.php