За нас
[vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1570731392706{padding-top: 95px !important;}”]СКУП Македонија е невладина и непрофитна организација чија цел е да го унапредува, поддржува и поттикнува истражувачкото новинарство. Нејзина задача е да им дава поддршка на новинарите во секојдневната работа, да им помага финансиски или професионално во промовирањето на истражувачкото новинарство во земјата и регионот, но и на светско ниво.
Постоењето на СКУП Македонија го овозможи Данската асоцијација за истражувачко новинарство и мрежата на Центри за истражувачко новинарство кои се дел од Проектот за известување за организиран криминал и корупција со седиште во Сараево. Истовремено СКУП Македонија доби поддршка и од останати релевантни организации од целиот свет активни во истата област, а со кои имаме плодна соработка и од кои добивме огромна поддршка при основањето на центарот.
Во изминатите години, проектот СКУП од Данска со седиште во Копенхаген, со помош на Меѓународната медиумска поддршка, несебично го промовира истражувачкото новинарство во Македонија, а резултат од тоа се бројните истражувачки стории објавувани како во локални, така и во национални печатени и електронски медиуми во земјата. Охрабрени од тој факт, ние би сакале да ја продолжиме мисијата и со новиот Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, а во партнерство со сите организации активни на полето на истражувачкото новинарство.[/vc_column_text][vc_row_inner content_placement=”middle”][vc_column_inner width=”1/6″][/vc_column_inner][vc_column_inner width=”1/6″][vc_single_image image=”6732″ img_size=”medium” alignment=”center”][/vc_column_inner][vc_column_inner width=”1/6″][vc_single_image image=”6733″ img_size=”medium” alignment=”center”][/vc_column_inner][vc_column_inner width=”1/6″][vc_single_image image=”6697″ img_size=”medium” alignment=”center”][/vc_column_inner][vc_column_inner width=”1/6″][vc_single_image image=”6699″ img_size=”medium” alignment=”center”][/vc_column_inner][vc_column_inner width=”1/6″][/vc_column_inner][/vc_row_inner][/vc_column][/vc_row][vc_row content_placement=”middle” css=”.vc_custom_1570734318523{margin-top: 0px !important;border-top-width: 0px !important;padding-top: 0px !important;}”][vc_column css=”.vc_custom_1570733635462{margin-top: 0px !important;border-top-width: 0px !important;padding-top: 0px !important;}”][vc_column_text css=”.vc_custom_1570782088592{padding-top: 0px !important;}”]Целта на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија е понатамошно унапредување и поттикнување на развојот на истражувачкото новинарство во Македонија и пошироко како битна алатка во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и зајакнување на демократските капацитети и подобрување на професионалните квалитети на новинарството и на демократската атмосфера во земјата воопшто.
ВИЗИЈА на организацијата е нулта корупција, демократски и транспарентни институции и квалитетен живот.
Активностите на СКУП Македонија ќе бидат насочени кон стимулирање на истражувачкото новинарство во земјата преку организирање семинари, конференции, предавања, како и обезбедување финансиска поддршка и логистика за новинарите во текот на нивната истражувачка работа.
МИСИЈА СКУП-Македонија ја сочинуваат група искусни, професионални новинари, чија МИСИЈА е употреба на алатки за истражувачко новинарство со цел намалување на корупцијата и подобрување на животот на граѓаните во насока да се обезбеди добро владеење, транспарентни институции и заштита на човековите права.
Предизвикот го гледаме во поврзување на новинарите од Македонија со нивните колеги од регионот и пошироко, момент кој би сакале да го подобриме, бидејќи на границите не треба да се гледа како на пречка, туку како можност за подобра соработка и можност за усовршување на вештините на новинарското истражување.
Организацијата соработува со сите регионални и странски центри за истражувачко новинарство и е дел од мрежата центри OCCRP.[/vc_column_text][vc_cta h2=””]
СТАТУТ на Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија
[/vc_cta][vc_cta h2=””]
ПРАВИЛНИК ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ И ЕТИЧКИ СТАНДАРДИ
[/vc_cta][vc_cta h2=””]
СКУП Македонија е член на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (GIJN).
[/vc_cta][vc_cta h2=””]
СКУП Македонија е еден од основачите и член на Коалицијата за заштита на свиркачите.
[/vc_cta][vc_empty_space height=”64px”][/vc_column][/vc_row]