ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Сухејл Фазлиу
Поранешен - Министер за локална самоуправа
Сухејл Фазлиу е роден на 30 септември 1986 година во Скопје. Освен албански, зборува македонски и англиски јазик. Средно училиште завршил во „Панче Караѓозов“, а дипломирал современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Во неговата биографија наведено е дека тој работел како независен консултант за Е-Влада и Е-Трговија, како и за приватни компании за услугата Е-Трговија.
Министерот Сухејл Фазлиу пријавил дека поседува две моторни возила „Голф 2“ и „Пасат“ вредни 8.000 евра.
Неговата сестра има „Ауди А2“ чија вредност не е наведена.
Родителите на Фазлиу имаат земјиште и куќа во Скопје во вредност од 120.000 евра за кои Фазлиу нема наведено на кој начин се стекнати.
Вредноста на имотниот лист на Сухејл Фазлиу изнесува 128.000 евра и истата е пресметана според податоците од веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Од 2019 година не е дел од владиниот кабинет.
Министерот Сухејл Фазлиу, според Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции, во 2018-та година, до месец мај, има потрошено 173.525 денари, и тоа:
– Вип салони на аеродроми: 1.452 денари
– Дневници при патување во странство: 21.834 денари
– Трошоци за мобилен телефон: 2.922 денари
– Угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти: 106.442 денари
– Угостителски услуги во странство: 4.580 денари
– Угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите: 17.360 денари
– Хотелско сместување во земјата: 3.314 денари
– Хотелско сместување во странство: 15.621 денари