ЕКСПОЗИЦИЈА

Ане Лашкоска

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Ане Лашкоска (2011-2024) е член на  партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 24 април 1978 година во Прилеп. Лашкоска е дипломиран инженер по хемија  на Природно Математичкиот факултет во Скопје, и магистер по маркетинг-менаџмент на Економски факултет.

Од 2009 до 2011 Лашкоска е член на извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ и член на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп. Од 2015 до сега е член на ИК на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ и од 2011 до сега  е пратеник во Собрание на Р. Македонија.

Активности во Собранието:

  • Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-претседател
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
  • Комисија за култура, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член

 

 

4.878 евра
32.276 евра
16,886 евра
976 евра

Ане Лашкоска како личен имот пријавила две моторни возила, Тојота Корола 4.390 евра и  Даеву Тико 488 евра. Таа има  и едно побарување по основ на даден заем во износ 9.756 евра и девизна штедна книшка од 7.130 евра. Родителите на Лашкоска поседуваат земјоделско земјиште вредно 976 евра како и куќа вредна 32.276 евра во Прилеп.

Вредноста на имотот на Ане Лашкоска изнесува 55.016 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Пресметката е направена според една од двете имотни листи достапни на веб-страната на  Државната комисија за спречување корупција.

 

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 74 
  • Број на отсуства: 36 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 364 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 14 дискусии на пленарна седница, 22 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 23
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/6/19
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/41/97
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 25/0/69/80

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

 

Вкупен имот во € по години