ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Томислав Тунтев
Пратеник
СДСМ
Пратеникот Томислав Тунтев е роден на 7 јули 1967 во Охрид. По професија е доктор на технички науки при Техничкиот факултет – Битола.
Активности во Собранието:
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член;
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Комисија за култура, заменик-член;
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, претседател;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член.
Пратеникот во јануари 2019 година си даде оставка од пратеничката функција и доаѓа на позицијата генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Томислав Тунтев пријавил дека поседува Мопед Фрости вреден 293 евра, стан во Охрид вреден 102.000 евра и кредит во висина од 10.016 евра.
Со сопругата поседуваат станови во Скопје и Охрид, вредни 44.211 евра, односно 44.992 евра. Освен тоа имаат и автомобил Рено Сеник вреден 2.764 евра. Неговата сопруга поседува и автомобил Ренаулт Каптур вреден 12.195 евра и денарски депозит во висина од 20.000 евра.
Децата на Тунтев иимаат две денарски штедни книшки со по 6.000 евра.
Вредноста на пријавениот имот на Томислав Тунтев изнесува 248.472 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Томислав Тунтев во изјава за СКУП во ноември 2018 година потврди дека тоа е неговата имотна состојба и дека во истата нема промени.
Собраниски активности:
- Број на присуства во Собрание: 47
- Број на отсуства: 2 оправдани и 6 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 14 закони и 28 амандмани
- Број на пратенички прашања: 3
- Број на излагања на пленарна седница: 16 дискусии на пленарна седница, 14 (контра)реплики и 6 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 8
- Работни тела член/присуство/одржани: 0/0/0
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/9/80
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 172/0/272/84
(Податоците се преземени од извештајниот период од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 74.248 денари (со исклучок на месец јули кога земал плата од 74.573)
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 520.061 денари или 8.456 евра
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 401.058 денари или 6.521 евра.
Истражувањето на СКУП покажа дека македонските пратеници се лидери во регионот за патни трошоци, меѓу нив, се најде и пратеникот Томислав Тунтев.