ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Енес Ибрахим
Пратеник
Партија за движење на Турците
Пратеникот Енес Ибрахим е роден на 8 август 1984 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.
Активности во Собранието:
- Комисија за уставни прашања, член;
- Комисија за култура, член;
- Законодавно-правна комисија, заменик-член;
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член;
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, претседател;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член.
Енес Ибрахим има изјавувано дека поседува само автомобил Ауди А4 вреден 4.878 евра. Неговите родители поседуваат два стана во Скопје, секој од нив вреден по 29.268 евра. Додека пак, неговиот брат поседува стан и деловен простор во Истанбул, Турција вредни 29.268 евра, односно 30.000 евра.
Вредноста на пријавениот имот на Енес Ибрахим изнесува 122.683 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратеникот Енес Ибрахим во Централниот Регистар на Република Македонија е регистриран како претседател на Политичка партија ПАРТИЈА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – ПДТ Скопје.
Собраниски активности за 2018:
- Број на присуства во Собрание: 99
- Број на отсуства: 8 оправдани и 4 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 8 закони и 10 амандмани
- Број на пратенички прашања: 1
- Број на излагања на пленарна седница: 1 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 1
- Работни тела член/присуство/одржани: 4/15/24
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/0/157
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 228/0/328/215
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 63.506 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога земал плата од 63.814 денари)
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 445.158 денари или 7.238 евра
- Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 35.910 денари или 584 евра.