ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Илија Димовски
Поранешен пратеник
ВМРО-ДПМНЕ
Поарнешниот пратеникот Илија Димовски (2006-2020) е член на партијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 10 август 1980 година во Велес. Димовски е дипломиран правник, Правен факултет, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), шеф на Делегација
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член
Пратеникот Илија Димовски има изјавувано дека поседува две земјишта во Б.Село вредни 13.312 евра, куќа за одмор во Велес вредна 58.537 евра, моторни возила Ауди А6 и Мерцедес Е вредни 33.333 евра, акции, штеден влог и кредит. Неговите родители имаат земјоделски земјишта во Чашка и Согле вредни 5.691 евра, куќа во Охрид од 19.512 евра и куќа во С.Согле вредна 2.439 евра. Тие имаат и стан во Велес вреден 14.634 евра, моторно возило Даеву Ланос вредно 488 евра, акции стечајно побарување од 15.610 евра, придонес од земјоделска дејност и штеден влог. И на имот на сестра има наведено само штеден влог без наведена вредност.
Вредноста на пријавениот имот на Илија Димовски изнесува 167.904 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратеникот Илија Димовски во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како претседател во Здружение на граѓани – Центар за МЛАДИНСКА ИНИЦИЈАТИВА Велес кое во моментов не е активно.
Собраниски активности за 2018 година:
- Број на присуства во Собрание: 75
- Број на отсуства: 34 оправдани и 6 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 3 закони и 43 амандмани
- Број на пратенички прашања: 6
- Број на излагања на пленарна седница: 26 дискусии на пленарна седница, 34 (контра) реплики и 4 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 52
- Работни тела член/присуство/одржани: 6/14/42
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/14/59
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 7/0/41/64
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 69.695 денари (со исклучок на месецот јули кога месечната плата изнесувала 70.021 денари).
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 488.191 денари или 7.938
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 120.149 денари или 1.954 евра
- Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 182 евра