ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Илија Николовски
Пратеник
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
Пратеникот Илија Николовски е роден 6 јули 1948 година во с.Панчарево. Средно образование завршил во гимназијата во Делчево, а подоцна завршил Воена Академија на Копнената Војска во Белград.
Во периодот 1973-1977 година ги извршува сите командни должности од комадир на вода до командант на корпус. Од 1977 до 1980 година бил помошник на воен аташе – Р.Грција, а десет години подоцна односно од 1990 до 1992 година бил воен Аташе во Софија – Р.Бугарија. Една година е командант на бригада на АРМ/гарнизон – Тетово, а од 1993 до 1995 бил раководител на одделение за меѓународна соработка во кабинетот на министерот за одбрана на Р.Македонија. Во периодот од 1995 до 1998 е директор на Дирекција за меѓународна соработка во Министерството за Одбрана и учествувал во изработката на сите фундаментални документи за приближувањето на Р. Македонија до Партнерството за Мир и склучување на првите меѓународни договори за соработка од областа на одбраната, како и изработката на упатствата за работа на воено-дипломатските претставништва и „Воениот Протокол“. Од 2002 до 2004 бил воен претставник на Р. Македонија во Воениот Комитет на НАТО во Брисел, Белгија. Една година бил носител на проект од областа на одбранбената дипломатија за потреби на МО и учество во проектот „Безбедносна Дипломатија“ за потребите на МВР. Подоцна станува пензиониран генерал на АРМ, односно есента 2005-та.
Истата година е претседател на Здружението на ветерани и резервисти
во одбраната и безбедноста на Република Македонија, а од 2008-та претседател на Здружението на дипломирани студенти од Република Македонија на НАТО колеџот во Рим.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член;
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-претседател
- Комисија за надворешна политика, член;
- Комисија за уставни прашања, заменик-член;
- Законодавно-правна комисија, заменик-член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член.
Илија Николовски пријавил дека поседува имот во Пехчево, односно земјиште вредно 21.709 евра и куќа вредна 4.878 евра. Во Скопје има стан вреден 66.667 евра и поседува автомобил Цитроен Пикасо вреден 1.463 евра. Николовски исто така има и уметнички слики во вредност од 163 евра, како и штедна книшка со 2.650 евра.
Неговата сопруга, според имотниот лист, има куќа во Делчево 19.512 евра и стан во Скопје вреден 40.650 евра.
Вредноста на пријавениот имот на Илија Николовски изнесува 157.692 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Промена забележана на 25.3.2019 година:
На имотната листа додаден е автомобил Тојота Јарис вреден 10 илјади евра.
Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратеникот Илија Николовски во Централниот Регистар на Република Македонија е регистриран како претседател на ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ Скопје како и на Заедница за сопственици на станбена зграда на ул.Франклин Рузвелт бр.15 Скопје. Тој има и три неактивни субјекти: Здружение на граѓани – Дипломирани студенти на НАТО Одбранбениот Колеџ во Рим Скопје(сопственик), Здружение КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ за актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната(претседател), и Здружение на Пензионери на Македонија и Иселеници – МОЈ АПАРТМАН Скопје(претседател).
Собраниски активности за 2018:
- Број на присуства во Собрание: 105
- Број на отсуства: 4 оправдани и 2 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 10 закони и 33 амандмани
- Број на пратенички прашања: 7
- Број на излагања на пленарна седница: 7 дискусии на пленарна седница, 14 (контра)реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 28
- Работни тела член/присуство/одржани: 5/16/21
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/76/137
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 200/0/406/209
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 74.582 денари
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 522.074 денари или 8.489 евра
- Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 26.856 денари или 437 евра.
Во истражувањето на СКУП од декември 2018-та година, „Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра“, се открива дека Илија Николовски поседува слики вредни 163 евра.