ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Невенка Стаменковска
Поранешен пратеник
ВМРО-ДПМНЕ
Поранешната пратеничка Невенка Стаменковска (2016-2020) е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 21 август 1983 година во Скопје. Стаменковска има завршено Правен факултет – правни студии, „Св.Кирил и Методиј“. Магистер по европско право и право на ЕУ.
Активности во Собранието:
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот Република Унгарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
Пратеничката Невенка Стаменковска има изјавувано дека поседува две моторни возила, Опел Корса и Форд Фусион за кои не е наведена вредноста. Таа има кредит од 3.902 евра. Нејзините родители имаат два стана во Скопје вредни 59.027 евра и куќа за која не е наведена вредноста. На имотот на родителите има и моторно возило Форд Фиеста.
Вредноста на пријавениот имот на Невенка Стаменковска изнесува 62.929 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Собраниски активности за 2018 година:
- Број на присуства во Собрание: 69
- Број на отсуства: 42 оправдани и 0 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 1 закони и 408 амандмани
- Број на пратенички прашања: 6
- Број на излагања на пленарна седница: 14 дискусии на пленарна седница, 12 (контра) реплики и 1 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 24
- Работни тела член/присуство/одржани: 6/14/130
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/19/50
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 13/0/51/69
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.352 денари (со исклучок на месеците март, април, мај, јуни и јули кога месечната плата изнесувала 65.659 денари).
- Во период од јануари до јули вкупно земала: 458.999 денари или 7.463 евра
- Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 469 евра