ЕКСПОЗИЦИЈА

Трајчо Димков

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Трајчо Димков е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден на 22 јули 1967 година во Штип.  Димков е Професор по физичко воспитување; Магистер по образование – Менаџмент во образованието и образовната политика

Активности во Собранието:

  • Комисија за европски прашања, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач
2.927 евра
20.000 евра
11.870 евра
1.626 евра

Пратеникот Трајчо Димков има изјавувано дека поседува куќа во Штип вредна 20.000 евра, две моторни возила Дачиа Логан и Шевролет Авео вредни 2.927 евра и кредити од 11.870 евра. Неговите родители имаат земјоделско земјиште во Штип 1.626 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Трајчо Димков изнесува 36.423 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Промена забележана на 25.3.2019 година:

Од имотната листа отстранет е автомобилот Шевролет Авео и е заменет со Пасат вреден 2.000 евра.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 78
  • Број на отсуства: 33 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 206 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 9
  • Број на излагања на пленарна седница: 14 дискусии на пленарна седница, 16 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 19
  • Работни тела член/присуство/одржани: 8/12/36
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/7/25
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 33/0/102/100

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.274 денари (со исклучок на месеците јуни и јули кога месечната плата изнесувала 70.583 денари).
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 492.536 денари или 8.009 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 462.907 денари или 7.527 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 254 евра

Вкупен имот во € по години