ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Панчо Минов
Пратеник
СДСМ
Член на СДСМ. Роден на 21.8.1958 во Кавадарци. Дипломиран политиколог на Факултет за политички науки – Белград. Тој е и дипломиран правник со положен правосуден испит на Правниот факултет – Скопје.
Во претходниот состав на Собранието, Панчо Минов беше член на партијата ГРОМ.
Активности во Собранието:
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, претседател
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
Од личен имот Минов има само куќа од 168 квадрати во Кавадарци вредна 9.6 милиони денари или околу 156 илјади евра. Заеднички со сопругата отплаќаат кредит во износ од 4,7 милиони денари кој треба да го отплатат до 2030 година. Се друго се води на име на сопругата. Тука спаѓа стан од 96 квадрати во Скопје вреден 7,7 милиони денари или 125000 евра. Неговата сопруга има возило „Тојота Авенсис“ од 300 илјади денари. Таа поседува 60 акции вредни 153.633 денари или околу 2.500 евра. Таа има приливи по основ на „месечен надоместок“ и „рента“ во вкупен износ од 44.566, но не е наведена валутата. Има и побарување по основ на даден заем во износ од 2.748.600 денари или околу 45.000 евра.
Неговите родители имаат лозје во Кавадарци од 800.000 денари. На име на „имот на деца“ е запишан кредит во износ од 939.221 денари или околу 15000 евра.
Промена забележана на 25.3.2019 година:
На имотната листа додаден е непрецизиран имот вреден 23.600 евра, кој е во сопственост на сопругата на Минов и се наоѓа во Кавадарци.
Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратеникот Панчо Минов во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како основач и сопственик на Друштво за угостителство, трговија, производство и услуги ПЕЛИ ДОО Кавадарци. Тој е наведен и како овластено лице во: Група избирачи ПАНЧО МИНОВ за Градоначалник на општина Кавадарци Изборна кампања 2013 Кавадарци и Фондација за развој на информатичките технологии ИНФОРМАТИЧКИ ЦЕНТАР-КАВАДАРЦИ Кавадарци кои во моментов не се активни.
Имотна состојба забележана на сајтот на ДКСК на 17.11.2020, како пратеник
Собраниски активности за 2018:
- Број на присуства во Собрание: 79
- Број на отсуства: 32 оправдани и 0 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 9 закони и 7 амандмани
- Број на пратенички прашања: 26
- Број на излагања на пленарна седница: 35 дискусии на пленарна седница, 39 (контра) реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 70
- Работни тела член/присуство/одржани: 6/33/66
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/53/106
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 33/0/75/61
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 76.198 денари.
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 533.386 денари или 8,673 евра
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 560.372 денари или 9.112 евра
- Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 82 евра.