ЕКСПОЗИЦИЈА

Лилјана Поповска

Пратеник
Демократска обнова на Македонија

Пратеничката Лилјана Поповска е член на партијата ДОМ. Таа е родена на 24 мај 1956 во Прилеп. Поповска е дипломиран инженер технолог, Технолошко-металуршки факултет – Скопје; магистер на технички науки; доктор на политички науки.

Поповска од 1996 до 1998 година е советник во Советот на Град Скопје и координатор на советничката група на Либерално демократската партија. Од 1998 до 1999 година е заменик министер за развој а од 2002 до 2006 година таа е пратеник во Собранието на Република Македонија, при што во периодот 2003 до 2005 била и потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, член
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
  • Клуб на пратенички, член на претседателство
  • Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач
16.700 евра
246.549 евра
13.496 евра
329.443 евра
13.270 евра

Пратеничката Лилјана Поповска пријавила акции во износ од 43.000 евра, три дивиденди од 2.918 евра и денарска платежна картичка во износ од 7.115 евра. Заедно со сопругот имаат заем од 9.756 евра, приватна фирма вредна 13.496 евра и стан во Скопје вреден 63.000 евра.

Сопругот на Поповска има 3 земјишта во Горно Соње во вредност од 13.270 евра, два деловни простори од 80.493 евра како и два станови во Скопје вредни 103.056 евра. Поповски има моторно возило Фолксваген Голф вредно 16.700 евра, повеќе акции, удели, дивиденди и хонорари за превод со вкупна вредност од 164.579 евра. Тој има и девизна сметка од 3.374 евра, денарска платежна картичка од 3.707 евра, кредит од 59.994 евра и финансиски средства од 35.000 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Лилјана Поповска изнесува 619.457 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Во изјава за СКУП на прашањетп за која приватна фирма наведена како имот без карактеристика станува збор, пратеничката одговори: „ Фирмата се вика „Хема“ и има тројца вработени“.

Собраниски активности за 2018 година:

  • Број на присуства во Собрание: 99
  • Број на отсуства: 11 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 17 закони и 8 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 2 дискусии на пленарна седница, 5 (контра) реплики и 2 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 18
  • Работни тела член/присуство/одржани: 6/34/62
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/0/26
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 162/0/339/190

    Податоците се преземени од извештајниот период од  јануари до  јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 73.352 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 513.464 денари или 8.349 евра

 

 

 

 

Вкупен имот во € по години