ЕКСПОЗИЦИЈА

Мира Стојчевска

Пратеник
СДСМ

Пратеничката Мира Стојчевска е родена на 19 јули 1966 година во Битола. По професија е дипломиран шумарски инженер при Шумарскиот факултет.

Активности во Собранието:

  • Комисија за економски прашања, член;
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, член;
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член;
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член;
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член;
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член.
15.496 евра
23.226 евра
14.873 евра

Мира Стојчевска има пријавено кредит во висина од 9.756 евра, девизен депозит од 1.300 евра и кредитна картичка со 520 евра.
Децата на Стојчевска имаат автомобил Поло 4.439 евра. Додека пак, нејзиниот сопруг поседува имот во Делчево и тоа куќа вредна 23.226 и куќа со двор и земјоделско земјиште чија вредност не е наведена во имотниот лист. Тој поседува и стан во Скопје, за кој исто така не се знае колку вреди.
Сопругот на Стојчевска зема месечна плата од 390 евра и има автомобил Пежо 206 вреден 11.057 евра. На денарската платежна картичка располага со 2.254 евра, а на кредитната со 650 евра.

Вредноста на пријавениот имот на Мира Стојчевска изнесува 53.596 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 111
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 9 закони и 27 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 5
  • Број на излагања на пленарна седница: 5 дискусии на пленарна седница, 15 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 37
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/41/43
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/102/173
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 205/0/415/238

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.583 денари (со исклучок во периодот февруари-јули кога земала плата од 70.889 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 495.917 денари или 8.064 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 1.067.908 денари или 17.364 евра.
  •  Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 5.068 денари или 82 евра.

Пратеничката наиде на остри критики од јавноста по изјавата дека зголемувањето на акцизата нема да влијае на сиромашните граѓани.

 

Во февруари 2019-та година, портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека синот на пратеничката Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ.

Од АД Државни електрани на Македонија ја потврдија информацијата:

„Лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби“.

Пратеничката Стојчевска ги негираше тврдењата дека нејзиниот син добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината фунција или глас за уставните промени, како што тврдеше потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ЕЛЕМ имаше распишано јавен голас. Мојот син прво аплицирал, па потоа ми соопшти. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижнини, што исто така е државна институција“ изјави пратеничката за А1он.

По информацијата за вработувањата на синот и братотјавноста дозна и за вработувањето на сопругот на пратеничката Мира Стојчевска, кој е унапреден во командир во шумска полиција. Како што пренесе „Плусинфо“, Илјо Стојчевски пред еден месец е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево.

„Заменик командир на шумската полиција од Делчево сум од моето вработување при основањето на шумската полиција. Сега имам добиено само овластување за командир оти претходниот командир даде оставка на функцијата“ – изјави Стојчевски за „Плусинфо“.

Вкупен имот во € по години